Фото: Навивачите на Брегалница во жестока тепачка со фудбалери на Ренова

Навивачите на Брегалница се степаа со фудбалерите на Ренова, веднаш по завршувањето на нивниот меѓусебен првенствен меч во Штип, јавува дописникот на „Спортефе“ од тој град.
По завршувањето на средбата, еден навивач решил да ја прескокне оградата, при што влегол во теренот и со нога го удрил фудбалерот на Ренова Садики, пишува проталот.
На ова реагирале фудбалерите на Ренова и голманот Зендели, кој исто така се пресметал со штипскиот навивач. Поголем инцидент спречила полицијата која веднаш ги раздвоила спротиставените страни.
На градскиот стадион во Штип имало околу 1.500 навивачи, а мечот помеѓу Брегалница и Ренова заврши без голови.Навивачите на Брегалница се степаа со фудбалерите на Ренова, веднаш по завршувањето на нивниот меѓусебен првенствен ме

Пронајдете не на следниве мрежи: