Фото: Неверојатни подводни музеи!

Loading...

Доколку сте љубители на нуркањето, овие подводни музеи се идеална дестинација за вас!The Underwater Museum of Art – Овој подводен музеј се наоѓа во Мексико на западниот брег кај Isla Mujeres, Punta Cancun и Punta Nizucin, а содржи четири инсталации на уметникот Џејсон деКаирес Тејлор. Тука љубителите на нуркањето ќе имаат можност да уживаат и во уметнички дела и тоа под вода – 10 метри под морската површина посетителите на овој музеј можат да видат 400 скулптури изработени според вистински ликови. Музејот гледан над морската површина има форма на човечко око.

Herod’s Harbor – На 20 стапки под морската површина, кај градот Цесареа во Израел сместен е музејот посветен на софистицираните пристаништа од времето на Римското Царство. Се наоѓа на површина од 18.580 квадратни метри и овозможува презентација на 36 изложби, потонати бродови, мермерни столбови и огромни сидра стари и по 2000 години кои ја обележуваат феникијската, крстоносната, римската, еврејската, византиската и британската историја. Градот Цесареа инаку го добил своето име според Цесар Август кој донирал пари во овој град и ја помогнал неговата доизградба.

 
Shipwreck  Trail – Во шупливите гребени на националниот морски парк Флорида Кис има потопена флота од бродови кои би можеле да се спротивстават на морнарицата на било која мала земја.  Овие потонати бродови растурени на површина од неколку милји, нудат авантура за нуркачите, а деветте глетки кои овој парк ги нуди опфаќаат три периоди на бродоградба: Европски колонијални, американски и модерни бродови. Посетителите – нуркачи имаат можност да добијат мапа од бродовите, да дознаат нешто повеќе за нивната историја, а и за морскиот свет кој живее во овој морски парк.
The Underwater Museum of Art – Овој подводен музеј се наоѓа во Мексико на западниот брег кај Isla Mujeres, Punta Cancun и Punta Ni

loading...
Loading...