Фото: Околу 15 минути била несвесна дека има забодено нож во вратот

Шокантната фотографија која прикажува млада девојка со нож забоден во вратот за час го обиколи светот.
Русинката Јулија Попова (22), нападната е на пат, додека си одела дома. Преплашена од напаѓачот, жртвата се движела пешки цели 15 минути, несвесна дека има забоден нож во вартот.
Многу медиуми ја објавија оваа неверојатна фотографија и погодуваа дали е фотомонтажа или не, се додека во редакцијата „Daily Mail“ не се јави докторот од Москва, кој ја примил пациентката во болница и потврдил дека фотографијата е вистинита.
Тој објасни дека ножот бил забоден само неколку милиметри од ‘рбетниот столб и за среќа ги промашил виталните артерии. Истата вечер пациентката е оперирана и поминала 10 дена во болница, а потоа ослободена е и пратена на домашно лекување.

Copyright 2013 Puls24 Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Puls24.Шокантната фотографија која прикажува млада девојка со нож забоден во вратот за час го обиколи светот.

Пронајдете не на следниве мрежи: