ФОТО: Опасен тренд се шири помеѓу тинејџерите. Ги пумпаат усните со…

Млади девојки, но и момчиња, во недостаток на пари за силикони користат производ кој по принцип на вакуум ги зголемува усните за да личат на славните личности.Пластичните операции и вбризгувањето силикони дефинитивно заминуваат во аут, а нов бизарен тренд за зголемување на усните пристигна и на Балканот. Младите сега имаат нова опсесија, а станува збор за пумпа за зголемување на усните.
Девојките коишто се залудени од овој тренд се на возраст помеѓу 16-20 години, а ја користат оваа направа пред излегување, но и во школо на мал одмор.
Кој нема пумпа, користи дури и чаши за ракија со што го истиснува воздухот за да се зголемат усните на неколку часа. Со вакуум се поттикнува циркулацијата, крвта буквално се пумпа во устата, а потоа останува таму одредено време. По употребата, кога ќе го добијат посакуваниот ефект, се фотографираат и ги објавуваат сликите на социјалните мрежи за да добијат повеќе лајкови.
Оваа вакуум пумпичка чини околу 30 евра, а психолозите сметаат дека достапноста на овие производи е еден од најголемите проблеми.
Овој тренд може да предизвика сериозни повреди и деструкција на усното ткиво со оток на кожата и поткожното меко ткиво. По чести употреби може да дојде до хематом.
Пластичните операции и вбризгувањето силикони дефинитивно заминуваат во аут, а нов бизарен тренд за зголемување на усните пристигна и на Балканот.

Пронајдете не на следниве мрежи: