Фото: Општина Центар нема пари за училиште, а троши средства за други работи

Градоначалникот Жерновски и покрај тоа што постојано се жали дека градот нема пари, постојано распишува огласи за  јавни набавки.
Откако вчера советниците од владејачката партија го обвинија Жерновски дека во советот на Општината предлага точки на дневен ред кои се на директна штета на граѓаните на Центар, односно крати од граѓаните за да вработи партиски војници, на виделина излегуваат нови податоци кои покажуваат дека Жерновски ќе троши за непотребни работи.
Изговорот на Жерновски дека касата на општината е празна и дека тие пари се потребни за други цели и намени паѓаат во вода бидејќи општината има распишано оглас за непотребни работи, како на пример  изградба i реконструкција на јавни површини изработени од завршен слој од префабрикувани елементи. 

Покрај ова, новиот градоначалник на Центар има распишано и оглас за изградба и реконструкција на јавното осветлување во Центар, додека пари за реконструкција на училиштата и градинките нема, бидејќи според Жерновски општинската каса е празна.
Општинската каса не е потрошена ниту за изработка на ажурирани геодетски подлоги, вршење на геодетски услуги за потребите на општина Центар. Спротивно на тоа што Жерновски го тврдеше вчера е и распишувањето на оглас за изработка, монтажа и санација (одржување на постојана) урбана опрема, урбани елементи, детска и спортска опрема за јавни површини и територијата на општина Центар.

Советниците на ВМРО-ДПМНЕ вчера го обвинија Жерновски дека за него позначајно е задолжувањето за електирчни светилки и тоа во однапред познати банки, од школото и градинката кои им се ветени на граѓаните на Капиштец.

-Ги повикуваме советниците од СДСМ и останатите партии во советот на општината да не ја поддржат одлуката на Жерновски за прекин на изградба на новото училиште и градинка во Капиштец. Тоа е одлука која е на директна штета на граѓаните на Центар. Жерновски не треба да ги казнува граѓаните на Општината за сметка на вдомувањето на неколку десетици партиски војници. Жерновски не треба да им го ускратува правото на дечињата на Општина Центар на квалитетно образование за сметка на неколку бизнис зделки, изјави вчера Томислав Лазаров координаторот на советничката група на ВМРО-ДПМНЕ во општина Центар
Загрижени родители денеска побараа изградба на ветеното основно училиште и реконструкција на градинката во нивната населба каде живеат околу 14.000 жители.

Извор: kurir.mkГрадоначалникот Жерновски и покрај тоа што постојано се жали дека градот нема пари, постојано распишува огласи за&nbsp

Пронајдете не на следниве мрежи: