Фото: Ова дете го има најдобриот татко во светот

Џонас од Џексонвил на Флорида може да се пофали дека го има таткото на годината.
Тој му ја исполнил неговата најголема желба и за роденден му изнајмил кино сала за да може да ги игра неговите најомилени видео игри и да ужива во неограничена количина на сокови и пуканки.
Таткото Тревис го исполнил сонот на своето дете и за 300 долари ја изнајмил салата за 5 часа. Така на својот син му го допуштил оној роденден кој ќе го памети цел живот.

Момчето не ја симна својата насмевка од лицето додека на својата конзола и на големото платно ги играл своите најомилени игри – Call of Duty: Black Ops II, Fallout 3, Minecraft, Terraria, Halo додека на пример Dead Space 2 ја играл само неколку минути со оглед на тоа дека изгледала престрашно на таа резолуција.

Иако звучи дека станува збор за размазено дете, Џонас на своите 13. години е друштвено активен. Со оглед на тоа дека и сам болува од дијабетис тип еден, тој се труди да им помогне и на своите врсници кои боледуваат од оваа болест. Заради тоа неговиот татко одлучил за еден ден да му го исполни сонот и да му дозволи да ужива во се што тој сака.
Џонас од Џексонвил на Флорида може да се пофали дека го има таткото на годината.

Пронајдете не на следниве мрежи: