Фото: Ова е најчудната зграда која никогаш не е изградена

Ова е една од најчудните згради на светот, но никогаш не е изградена. Нејзината изградба започната во 1937 година, но била стопирана во 1941 поради Втората светска војна. Се работи за т.н. Палата на Советите, и ако била изградена, би станала највисоката градба во своето време и една од најголемите атракции на Москва.Во 1931 година Сталин објавил конкурс за изградба на нов грандиозен административен центар и сала на конгресот, објект кој треба да го носи името Палата на Советите. Палатата требало да биде изградена на местото на катедралата Исус Спасителот во Москва, која претходно била уништена како резултат на атеизмот воведен од комунистичката власт.
Преку 160 архитекти од целиот свет се пријавиле, меѓу кои и познати имиња како Ле Корбизје, Август Перет и Волтер Гропиус, но победил дизајнот во неокласичен стил кој бил понуден од домашните архитекти Борис Иофан и Иван Жолтовски. Со нив било планирано да работи и британскиот архитект Хектор Хамилтон, но подоцна отпаднал од комбинација.
Оригиналниот проект на Иофан прикажувал поскромна градба на чиј врв требало да се наоѓа мала статуа на „слободниот пролетер“. Но, самиот Сталин предложил нов раскошен дизајн кој требало да биде симбол на силната советска држава. Во неговите јавни говори истакнувал дека палатата треба да биде посветена на Ленин и дека архитектите не треба да се „плашат да одат во висина“.
Крајниот проект кој бил објавен во јавноста во 1934 година прикажувал фасцинантна градба, која со своите 495 метри би била највисоката градба во светот во тој момент. Главната сала на Конгресот имала капацитет од 21.000 седишта и била висока 100 m и со дијаметар од 160 m. Помалата сала во источното крило имала капацитет од 6.000 седишта. Сепак, највпечатлив требало да биде 80-метарскиот споменик на Ленин на врвот на зградата.
Изградбата на Палатата започнала во 1937 година, но морала да сопре во 1941 поради Втората светска војна и германската инвазија. Во 1958 проектот е напуштен и средствата се пренаменети во изградба на најголемиот отворен топол базен во светот. По распадот на СССР, во периодот од 1995 до 2000 година, на оваа локација повторно е изградена срушената катедрала. Така, денес нема ни трага од несудениот центар на советската моќ.
извор: денешен.мкВо 1931 година Сталин објавил конкурс за изградба на нов грандиозен административен центар и сала на конгресот, објект кој треба д

Пронајдете не на следниве мрежи: