Фото: Ова е нашата Хурем – Паце е најубавата пензионерка во Македонија

Паце Милонас (65 години) од Прилеп е најубавата пензионерка во Македонија.Паце Милонас (65 години) од Прилеп е најубавата пензионерка во Македонија. Избрана е во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го прославуваа празникот Свети Трифун, на забава во Kавадарци. Прилепската Хурем, како што ја нарекоа, ги победи другите десетина противкандидатки и се закити со ласкава титула, пренесува Дневник.
– Многу убаво се чувствувам. Ова ми е драга награда бидејќи докажува дека жените може да бидат убави и во третата доба. И досега сум добивала многу награди за различни работи, сум била избрана и за најдобра и највесела игроорка – вели Паце.

Паце е во пензија, а била работничка во прилепската печатница. Но нејзината става, рекоа присутните, повеќе личи како да работела цел живот како шефица, велат присутните. За добриот изглед, таа вели:
– Многу јадам зеленчук и овошје, не јадам многу месо, ги постам сите пости. Исто така, многу пешачам. Не е тајна дека користам и козметика, но сепак мислам дека природната убавина е најважна, можеби генот тука има најмногу направено – вели пензионерката за весникот.Паце Милонас (65 години) од Прилеп е најубавата пензионерка во Македонија. Избрана е во конкуренција на неколку стотици пензионери, кои вчера го пр

Пронајдете не на следниве мрежи: