Фото: Ова јајце е толку ретко што голем тим луѓе морале да се потрудат да го зачуваат

Знаете ли што е какапо? Ова е исклучително ретка птица и живее во Нов Зеланд, а припаѓа во загрозените видови.

Научниците ваквиот вид на птици можат да ги набројат, затоа секое ново јајце е причина за славење.

Ова е какапо папагал кој поради отсуство на природните непријатели ја изгубил можноста да лета.
Денес постојат само 125 единки од овој вид.

 

Кога женката по име Лиса случајно го оштетила своето јајце, цел тим помошници се потрудил да го зачува здраво.
Тие употребиле безопасна леплива материја за да го задржат обликот на јајцето, надевајќи се дека пилете не е повредено.

Чекале со денови, а потоа се случило чудо.  Малиот какапо ја пробил лушпата на 28 февруари.

Тоа е првиот какапо кој се извел во 2014 година.

Иако немал пердуви, гордо позирал пред апаратот.

Сега закрепна и се надева дека наскоро ќе добие пријатели од истиот вид.Ова е исклучително ретка птица и живее во Нов Зеланд, а припаѓа во загрозените видови.

Пронајдете не на следниве мрежи: