Фото: Ова мало суштество немало шанси да преживее, но една средба му го променила животот

Kорисник на Imgur објави фотографии од малечко врапче кое случајно го пронашол во дворот и успеал да го спаси од сигурна смрт.Кога го пронашол заедно со неговиот брат, врапчето било штотуку излезено од јајцето.
Деловите од мембраната и лушпите од јајцето сè уште биле залепени за него.
Бидејќи не успеале да го најдат гнездото од кое паднало, одлучиле тие да му помогнат.

На почетокот не ни знаеле каков вид на птица чуваат, затоа што до тогаш не виделе толку мало новороденче.
Но, со голема желба направиле инкубатор во домашни услови каде можеле да ја контролираат топлината и влажноста.

 

Тие одлучиле дека се работи за девојче, иако не го знаеле тоа со сигурност. Ја нарекле Кнедлица.

Бебињата птици јадат многу! Затоа, двајцата браќа на смени ја ранеле со инсекти, на секои 30 минути. И така по 12 часа дневно.

За неколку дена на Кнедлица почнале да и растат пердуви. А, веќе петтиот ден можела и самата да седи.

По само 7 дена прераснала во врапче со здрави перја. Тогаш конечно го напуштила инкубаторот.

Кафезот во кој малку подоцна ја сместиле бил преполн со свежи гранчиња, за полесно доближување до природата.

Започнале да ја оставаат надвор, во уште поголем кафез каде секојдневно го усовршувала своето летање и се привикнувала на ветерот, сонцето и другите животинчиња.

По 36 дена двете хумани срца одлучиле да ја пуштат Кнедлица.
Кога го пронашол заедно со неговиот брат, врапчето било штотуку излезено од јајцето.
Деловите од мембраната и лушпите од јајцето сè

Пронајдете не на следниве мрежи: