ФОТО: Ова се зетот и невестата кои годинава ќе се венчаат на Галичка свадба

Традиционалната Галичка свадба која годинава ќе се случи на 12-ти јули, односно на големиот празник Петровден, веќе ги има новите галички зет и невеста.Како и секоја година, така и оваа е избрана двојка која пред се има галички корени. Годинава невестата е таа која по мајка си има галичка крв.
Станува збор за Сандра и Александар од Скопје кои веќе се подготвуваат за големиот ден. Тие велат дека и претходно присуствувале на Галичка свадба, ја негуваат традицијата и се многу среќни што токму тие се галичките зет и невеста.
Покрај бракот што ќе го склучат на Галичник, Сандра и Александар во месец септември ќе прават уште една модерна свадба.
Како и секоја година, така и оваа е избрана двојка која пред се има галички корени. Годинава невестата е таа која по мајка си има галичка крв.

Пронајдете не на следниве мрежи: