ФОТО: Овие сестри близначки се сретнаа по 78 години разделеност!

Последен пат биле заедно кога биле новороденчиња. Близначките Ен и Елизабет биле разделени кога имале само 20 недели и не знаеле една за друга цели 78 години!Овие сестри го поминаа целиот вој живот разделени, живеејќи во различни земји и на спротивни страни на Атлантикот.
Оваа недела тие се сретнаа по 78 години разделеност.
Солзи радосници и сестрински гушкања ја одбележаа оваа емотивна средба. Потоа следеше долг разговор за минатото и за сето она што го имаат доживеано во изминатите неколку децении. Елизабет останала да живее со мајка и, додека Ен беше дадена на посвојување. И двете се омажиле за мажи по име Џим, родиле деца, станале баби и останале вдовици. За време на разговорот сфатиле дека имаат доста заеднички особини.
Близначките Елизабет Ен Ламб и Патриша Сузан Ламб се родени на 28 февруари, 1936 година во Хемпшир. Нивниот татко живеел во бараките во Алдершот и имал кратка авантура со Алис Ламб, слугинка која што работела за соседните семејства. Тој никогаш не си ги видел ќерките.

 
Алис морала да ја напушти работата за да ги роди бебињата и била присилена да ги даде на посвојување. Патриша ја посвоиле Хектор и Глејди Вилсон. Но, Елизабет имала искривен рбет и не била адекватна за посвојување. Алис ја задржала, а притоа и помагаа нејзините пријатели и тетка и. Таа имала само 15 години кога мајка и ѝ кажала дека има сестра близначка, но никогаш не се обидувала да ја пронајде додека мајка и била жива.
Минатото на Ен е многу слично со минатото на Елизабет. Тетка и ѝ кажала дека Вилсонови не се нејзините биолошки родители. Но, таа не дознала дека има сестра близначка. Останала во Алдершот, каде што станала дактилограф и родила три ќерки. Нејзината ќерка Саманта дознала дека има тетка и решила да ја истражи целата ситуација. По истражувањето, таа и кажала на нејзината мајка дека има сестра близначка.
Ен и пишала на Елизабет и потоа се слушнале по телефон.
„Се обидував да најдам некаква трага за неа годиниве, но тоа беше една невозможна мисија. Немав поим каде би можела да биде, ниту дали е жива“, рече Елизабет.
Средбата ја организирале во близина на Лос Анџелес, а потоа заедно го посетиле родното место каде што организирале забава за членовите од семејството и пријателите.
Овие сестри го поминаа целиот вој живот разделени, живеејќи во различни земји и на спротивни страни на Атлантикот.
Оваа недела тие се сретн

Пронајдете не на следниве мрежи: