петок, 27 ноември 2026
Најново

Фото: ПОГРЕБАЛЕН КАЛЕНДАР – Смртта никогаш не била толку секси

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Календарот за 2015 година на погребалната фирма „Поучковиќ“ од Шабац ги зачуди сите на  социјалните мрежи. Разголени и провокативни девојки со погребални ковчези никого не оставија рамнодушен.Календарот за 2015 година на погребалната фирма „Поучковиќ“ од Шабац ги зачуди сите на  социјалните мрежи. Разголени и провокативни девојки со погребални ковчези никого не оставија рамнодушен. Судејќи по коментарите, впечатоците се поделени: За едни идејата е бизарна, а за други тоа е одличен маркетинг потег. И за едните и за другите сопственикот на оваа фирма Драган Поучковиќ вели дека не се ни блиску до вистината.
– Мој пријател го направи календарот како новогодишен подарок за мене, односно како шега на моја сметка – вели Поучковиќ.
И пред неколку години кога бил дел од шоуто на Огнен Амиџиќ, исто така предизвика разни реакции. Вели дека навикнал на тоа. Токму Амиџиќ ја сподели фотографијата на Твитер и предизвика бурни реакции, меѓу кои е и дилемата дали корсетите и долната облека се дел од погребалната опрема.

– Ова е фамилијарна фирма која постои повеќе од две децении. Професионално и одговорно работиме и не би сакал овој календар да предизвика никаков сомнеж. Нашите странки, ожалостени семејства, знаат какви сме во работата и тоа е најважно – спомнува Драган.

Ниту во една работилница на Поучковиќ во Шабац го нема овој чуден календар.
– Па нормално дека го нема во работилниците, работата е едно а оваа шега со пријателите е нешто сосема друго. Кога некој ќе изгуби драга личност, тој од мене очекува помош и пријател во невоља. Јас така се однесувам кон работата. На календарот не му е место на било кое од нашите работни простории. Иако за мене тоа не е исмејување на починатите или нивните ожалостени семејства, но некој тоа може така да го протолкува – додава Поучковиќ. Календарот за 2015 година на погребалната фирма „Поучковиќ“ од Шабац ги зачуди сите на  социјалните мрежи. Разголени и провокативн

Поврзани вести