Кога нејзиниот поранешен вереник, Џан Атеш може да се забавува со нови девојки, може и Мерием Узерли која носи негово дете. Таа е забележана во Берлин со телевизискиот водител Патрис Боедибела (39), кој е и поранешно момче на пејачката Анастасија.„Прекрасна жена. Баш убаво изгледате“, коментирале пријателите под фотографијата која водителот ја објави на социјалните мрежи откако заедно излегле во град.
Актерката која се прослави како Хурем во три сезони од серијата „Величествениот“, последнава недела често е во друштво на 9 години постариот водител. Иако се уште не е подготвена за нова врска, пријателите велат дека на Мерием и годи друштвото на Патрис.
„Мило ни е што повеќе не е затворена дома. Таа е во седмиот месец од бременоста, па избегнува задимени простории и клубови. Затоа со Патрис често одат на долги прошетки, велат пријателите.“
Турската актерка за два месеци ќе роди ќерка, а водителот, чиј татко е од Конго, а мајка од Германија, и помогнал да го заборави поранешниот вереник, кој ја остави штом дозна дека е бремена.
Патрис и Мерием се знаат уште одамна, бидејќи и двајцата живеат во Берлин, но сега се чини дека се повеќе од пријатели. Водителот, кој работел во музичка телевизија и бил и манекен, пред оваа врска беше во врска со Анастасија (45). Тој беше со неа кога и беше дијагностициран ракот на дојката. Раскинаа во 2007-та година.
Мерием со месеци не се слуша и не се гледа во поранешниот вереник Џан Атес. Богатиот бизнисмен по раскинувањето со неа, јавно кажа дека никогаш не мислел ништо сериозно со актерката и ја наговарал да абортира, бидејќи како што вели веќе има две деца од неговите претходните врски.„Прекрасна жена. Баш убаво изгледате“, коментирале пријателите под фотографијата која водителот ја објави на социјалните мрежи откако з



