Фото: Позицијата на спиење покажува каква личност сте

Начинот на кој спиете најчесто открива каква личност и кои карактеристики ги поседувате.Постојат повеќе позиции на спиење кои се доста чести меѓу лужето.
1. Позиција фетус
Оваа позиција е доста честа кај мажите и жените. Според истражувањата околу 41 отсто од луѓето ја имаат оваа позиција за време на ноќта.
Оние кои спијат како фетус, се храбри надворешно, но срамежливи и сензитивни во срцето. Им треба време да се приспособат кон луѓето, но потоа се доста релаксирани.
Оваа положба на спиење некогаш знае да носи негативности. Доколку спиете на лева страна тоа може да предизвика стрес на срцето и на виталните органи, па доколу ја преферирате оваа положба на спиење свртете се на десна страна.

2. Странична издолжена позиција
Луѓето кои ја користат оваа позиција се социјални типови и секогаш отворени за нови пријателства. Тие им веруваат на луѓето дури и на странци.
Оваа позиција на спиење е одлична за грбот бидејќи го држи исправено, но доколку подолго време сте на оваа позиција може да почнете да чувствувате болки во грбот.
3. Лежење на грб со двете раце до телото
Оние кои ја преферираат оваа позиција на спиење се отворени за нови нешта, но исто така знаат да бидат цинични. Им треба подолго време за да донесат одлуки, а знаат и да ги менуваат доста често. Но, кога ќе донесат одлука тие воопшто не ја менуваат што и да се случи.
Оваа положба им помага на оние со алергии и асма, а е одлична и за релаксирање на грбот и рацете.

4. Лежење на грб со рацете нагоре
Оние кои ја преферираат оваа позиција на спиење се одлични пријатели. Тие се дарежливи и секогаш сакаат да помогнат.
Оваа положба е одлична за грбот и го олеснува дишењето, но оние кои имаат проблеми со здравјето, не треба да ја користат.
5. Странична позиција со испружена рака
Ако ја преферирате оваа позиција на спиење тогаш вие сте тивки луѓе кои се секогаш на располагање. Не преферирате да правите големи зделки или да донесувате големи одлуки, но затоа имате високи стандарди за себе и оние околу вас.
Оние кои спијат во оваа позиција треба да внимаваат на која страна се, бидејќи доколку спијат на лева страна може да имаат птешкотии со дишењето поради притисокот на белите дробови.
6. Позиција стомак
Оние кои спијат на стомак со рацете на перница се најчесто екстровертни личности. Знаат да бидат напнати и се доста самокритични во одредени ситуации.
Оваа позиција на спиење е одлична за дигестивниот систем.
Постојат повеќе позиции на спиење кои се доста чести меѓу лужето.
1. Позиција фетус
Оваа позиција е доста честа кај мажите и женит

Пронајдете не на следниве мрежи: