Верувале или не селфито не е измислено сега. Уште пред 23 години, Телма и Луиз го измислиле „селфито“ кога позирале пред полароид на фотоапаратот.Сузан Сарандон и Џина Дејвис не потсетија со новата фотографија на легендарната снимка од филмот „Телма и Луиз“ од далечната 1991 година. Секако, тогаш не користеле „паметен телефон“ (smartphone).
Фотографиите на ѕвездите на филмот „Телма и Луиз“, новата и старата, на Твитер ги објавила легендаранта холивудска глумица 67-годишната Сузан Сарандон, пишува „Делји мејл“.
Остварување кое сввоевремено доби бројни пофалби од критичарите, а главните глумици биле номинирани за Оскар.
– Мислам дека никој од екипата немал поим каква реакција филмското остварување ќе предизвика. Беше многу необично тоа што се две одлични женски улоги во филмот. Очајно сакав да бидам дел од тоа – открила Сузан Сарандон.
Погледнете на следната страна:
Тие две останале до денес блиски пријатели. Двете децении по премиерното прикажување на авантурите на Телма и Луиз ги прославиле во 2011 година.
Од коментарите кои актерките ги добиле на Твитер по објавувањето на новото и старото „селфи“ може да се види дека љубителите на легендарниот филм од 1991 година веќе со нетрпение ја исчекуваат фотографијата од прославата на 25-годишнината на филмот „Телма и Луиз“.Сузан Сарандон и Џина Дејвис не потсетија со новата фотографија на легендарната снимка од филмот „Телма и Луиз“ од далечната 1991 годин