ФОТО: Се жени најозлогласениот масовен убиец на светот

Серискиот убиец Чарлс Менсон (80), кој веќе со години ја отслужува својата казна поради направените тешки кривични дела, сега доби дозвола да ја ожени својата девојка (26), која цело време го посетува во затворот. Тие сѐ уште немаат одредено точен датум на венчавката, но имаат рок од 90 дена да ја озаконат својата врска или повторно ќе мораат да аплицираат за овој документ.Афтон Елејн Буртон, попозната под името „Стар“, родена е во Сент Луис во семејство на верски фанатици, од кои избегала која имала 19 години и се преселила во калифорнискиот град Коркоран. Таа ја најави венчавката уште минатата година, но подоцна нејзиниот избраник ги негираше овие информации со коментар дека станува збор за измама.
– Сега знаете дека тоа е вистина и дека ќе се венчаме. Го сакам и заедно сме – откри девојката на овој затвореник.
Со мажењето за Менсон, таа ќе добие пристап до информациите кои ги имаат само членовите на семејството.
Од калифорнискиот затвор во кој што се наоѓа убиецот, тврдат дека дозволата за нивниот брак веќе се наоѓа во затворот и дека венчавката веројатно би се случила и порано, доколку Менсон немаше предизвикано „некакви ситуации во затворот“. Тој е обвинет за поседување оружје, заканување до персоналот во затворот и одбивање на барање за давање на примерок од урина.
Церемониите за венчавки се одржуваат секоја прва сабота во месецот, па сега се очекува овој необичен пар да ги каже своите завети во присуство на 10 гости (колку што е дозволено). Менсон останува зад решетки до 2027 година, а ова веќе е неговиот трет брак.Афтон Елејн Буртон, попозната под името „Стар“, родена е во Сент Луис во семејство на верски фанатици, од кои избегала која имала 19 го

Пронајдете не на следниве мрежи: