Фото: Секој петти Грк носи облека Made in Macedonia

Дури 20 % од облеката која е произведена во странство, а ја носат Грците е Made in Macedonia, пишува Канал 5.
Според истражувањето на Бизнис асоцијацијата на текстилни производители, на крајот од  2012та само 23% од производството е домашно, односно грчко, а останатите 77% доаѓаат однадвор. Конкретно Македонија е на второто место веднаш зад Бугарија. Статистичките податоци покажуваат дека 1/5 од грчката облека што се произведува во странство доаѓа од Македонија.

На листата најголеми странски произведувачи, Бугарија е прва со 57%, Македонија со 20%, Албанија со 10%, Турција 7% и Романија 4%. Евтината работна рака, капацитетот за производство, големите работилници за шиење и бизнис средината со различни даночен режим се главните причина зошто грчките компании за текстил се решиле да се преселат во соседните земји и од таму да ја произведуваат облеката наменета за грчкиот пазар. -Балканските земји со кои се граничи Грција се покажаа како спас за индустријата за облека, бидејќи ако не беа тие за да емигрираат грчките фирми во потрага по поевтина работна сила, во Грција оваа индустрија целосно ќе се распаднеше и ќе постоеја само увозни компании. Всушност, индустријата се чини дека полека излегува од тунелот на рецесијата, и почнува да покажува знаци на закрепнување, вели за Етнос, генералниот директор на Бизнис асоцијацијата на текстилни производители на Грција. Во Југоисточна Европа во овој момент активни се околу 270 грчки текстилни компании во кои се вработени околу 22 илјади работници. Јавна тајна е во Грција дека доста често се случува купеното парче облека, на внатрешната етикета да има натпис Made in Macedonia. И во минатото и сега грчките блогери обвинуваа дека познатите модни брендови во Грција, ја признаваат соседната земја под уставното име.Дури 20 % од облеката која е произведена во странство, а ја носат Грците е Made in Macedonia, пишува Канал 5.

Пронајдете не на следниве мрежи: