Фото: Снимена мистериозна човечка фигура во Швајцарија?!

Постојат информации кои ги пренесува Yahoo, дека во шума во Швајцарија веќе 10 години талка мистериозна човечка фигура. Станува збор за човек кој е познат по прекарот „Le Loyon“ и како што пренесуваат медиумите го претставуваат како швајцарска верзија на чудовиштето од Лох Нес. Тој на себе носи војничка униформа и гас маска на лицето, а според информациите секој ден ја минува истата патека.
Фотографот кој за прв пат го сликнал „Le Loyon“ на камера го раскажа своето искуство.
„Му се приближив на неколку метри. Тој гледаше во мене, а потоа се заврте со грбот и замина во тишина.“
И други очевидци за весникот „Le Matin“ го споделиле своето искуство со мистериозниот човек.
„Семејствата едноставно не сакаат повеќе да одат во шумата. На никој овде приказната не му е смешна“ , изјавил еден фармер.
Иако овој човек никогаш никому не наштетил, полицијата се надева дека ќе може да разговара со него со цел да ги убеди луѓето дека местото е безбедно.
Постојат неколку различни приказни и толкувања кои кружат за идентитетот на оваа личност. Некои мислат дека станува збор за ментално пореметена жена, други велат дека ова е личност со многу оштетено лице, а трети дека е фанатик кој се подготвува за апокалипсата.
Станува збор за човек кој е познат по прекарот „Le Loyon“ и како што пренесуваат медиумите го претставуваат како швајцарска верзиј

Пронајдете не на следниве мрежи: