ФОТО: Сообраќајка во Кисела Вода – Повреден мотоциклист

Мотоциклист е повреден во тешка сообраќајна несреќа која околу пладне се случила на булеварот „Борис Трајковски“ во Кисела Вода.Од полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Сузуки Витара“ и мотор, двете со скопски регистерски ознаки.
Возачот на моторот, чиј идентитет не е познат, со повреди е пренесен во Ургентниот центар. Засега нема информации за карактерот за повредите.
Полицијата е на местото на несреќата и врши увид, по што ќе бидат познати повеќе детали.
Фото: ФејсбукОд полицијата информираат дека во несреќата учествувале автомобил „Сузуки Витара“ и мотор, двете со скопски регистерски ознаки.

Пронајдете не на следниве мрежи: