Фото: Станија на Копаоник во друштво на шеик

Српската старлета Станија Добројевиќ  зимува на Копаоник, каде  во хотелот Гранд таа го запознала арапскиот престолонаследник, принцот Мухамед Бин Зајед кој исто така престојувал таму.

’’Случајно го запознав. Неговата скромност, добрина и убавите манити воопшто не одговараат на неговата положба. Човекот се шета низ хотелот без обезбедување, разговара со луѓето и по ништо не може да се добие впечаток дека се работи за еден принц’’, вели Станија.

Старлетата поминала неколку дена во хотелот Гранд и додека преку денот уживала во скијањето, ноќите и биле резервирани за опуштање во спа центарот.

’’Копаоник е одличен зимски центар! Ски патеките и жичарите по се, но пред се по својот квалитет можат да им парираат на светските ски центри и навистина можеме да се гордееме на нашата најубава планина и сето она што таа го нуди.’’

 Српската старлета Станија Добројевиќ  зимува на Копаоник, каде  во хотелот Гранд таа го запознала арапскиот

Пронајдете не на следниве мрежи: