ФОТО: Страшно невреме ја погоди Словенија

Големо невреме проследено со град ги зафати вчера попладне северните и североисточните делови на Словенија, а во текот на ноќта, според метеоролошките прогнози, ќе се прошири и низ поголемиот дел од земјата.Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Шентиљ, додека во Марибор покрај поројниот дожд паѓал и град.
Метеоролозите најавуваат дека во текот на ноќта Словенија повторно ќе биде зафатена од локална бура со поројни дождови, силни ветрови, а во некои места и град.

Невремето веројатно ќе ги зафати и останатите делови од земјата во правец на југоисток.

Анимацијата на радарските слики и врнежите на хрватскиот Хидрометеоролошки завод покажува дека бурата во вечерните часови се приближила и кон западните и северозападните делови од внатрешноста на Хрватска.

Метеоаларм објави жолто предупредување поради можна бура во Меѓумурје.
Словенечката Државна управа за заштита и спасување јави за поплави, одрони на земјиште и оштетени локални патишта на подрачјето на Словењградец и Ш

Пронајдете не на следниве мрежи: