ФОТО: „Танец“ ги воодушеви Хрватите!

Со импресивниот настап на Националниот ансамбл за народни танци и песни од Македонија „Танец“, чии членови на сцената од театарско-концертната сала Ивана Брлиќ Мажураниќ ја оставија публиката без здив со изведбата на традиционални македонски ора, танци и песни, во петокот на 29. јули, свечено е затворена програмата на 27. Бродско музичко лето.Македонците повторно воодушевија со вештините, исклучителната енергија и препознатливите ритми од фалениот македонски фолклор.
Солистите на ансамблот изведоа неколку од најпознатите македонски песни, како „Јовано Јованке“, „Македонско девојче“, „Се посврши сербес Донка“, а со громогласен аплауз бродската публика ги награди изведувачите на орото „Тешкото“ – кое се смета за едно од најубавите и најтешките македонски ора.

„На наше задоволство по трет пат сме гости на Бродското музичко лето. Последен пат настапивме во 2013 година и малку ја изменивме програмата и ја прилагодивме на помладата публика. После Брод одиме во Загвозд, па во Имотски. Македонскиот фолклор е примамлив, посебно ритмот и хармонијата кои создаваат посебна магија и ги привлекуваат луѓето надвор од Македонија. Во Славонски Брод дојдоа 44 членови на ансамблот, помалку пеачи и повеќе танчари и музичари. Танец без администрацијата брои вкупно околу 80 членови, 24 пара, 19 членови на оркестар и 15 пејачи“ – изјави Зоран Џорлев.

Македонците повторно воодушевија со вештините, исклучителната енергија и препознатливите ритми од фалениот македонски фолклор.
Солистите на

Пронајдете не на следниве мрежи: