Фото: Тина Тарнер на насловната на “Вог“

Пејачката Тина Тарнер за прв пат во седумдесет и третата година се сликала за насловната страна на модното списание “Вог“ и така официјално стана најстарата жена од насловната страна на споменатото списание. До 2012 година, тоа беше Мерил Стрип која беше на насловна на 62 години.
Тина се сликаше за германското издание на “Вог“, а покрај нејзината фотографија го пишува нејзиниот познат стих  “Едноставно најдобра“.
За снимањето таа е  облечена едноставно, а сепак изгледа прекрасно. На неодамна одржаната турнеја, Тарнер покажала дека сеуште има линија за завидување, и дека нозете одлично и изгледаат. Инаку, Тина веќе десетици години наназад го има епитетот  “најубавите нозе на шоу-бизнисот“.Пејачката Тина Тарнер за прв пат во седумдесет и третата година се сликала за насловната страна на модното списание &l

Пронајдете не на следниве мрежи: