Фото: Трамп ја запросил Меланија во апартманот на Тито: За овој настан и денес зборува цела Словенија!

Трамп бил многу скромен, а убавата манекенка не ја симнувала насмевката од лицето.Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја запознал својата избраничка, денес прва дама на Америка, во „Гранд Хотел Топлице“ во луксузниот претседателски апартман, каде за време на владеењето уживал токму маршал Јосип Броз Тито, на самата обала на Бледското езеро.
Токму во овој апартман Доналд од таткото на Меланија ја побарал нејзината рака. Меланија тогаш била манекенка и поминала само еден ден со родителите и Трамп во луксузниот апартман. Истата вечер се вратиле во САД, а персоналот на хотелот се сеќаваат јасно на сите детали. Велат дека тој бил многу скромен, а дека убавата словенечка манекенка не ја симнувала насмевката од лицето.
Менаџерката на хотелот „Сава“, во чиј склоп се наоѓа и овој хотел, Мојца Красовац, вели дека Трампови со драго срце се согласиле да се фотографираат за спомен, а дека фотографијата се наоѓа во холот, покрај другите познати личности кои отседнале овде. Во витрината се наоѓаат фотографии од принцот Чарлс, актерката Енди Мекдауел, па и самиот Јосип Броз Тито.
„Многу ни значи што Трамп беше гостин на нашиот хотел и што токму овде ја запроси Меланија. Сега очекуваме пораст на бројот на туристи од САД“, вели Мојца.
Инаку, Доналд и Меланија не се вратиле во Словенија од 2004 година, а следната 2005 година се венчале на Флорида. На свадбата била и Хилари Клинтон.Новоизбраниот претседател на САД, Доналд Трамп, ја запознал својата избраничка, денес прва дама на Америка, во „Гранд Хотел Топлице“ во

Пронајдете не на следниве мрежи: