Фото: Тројца полицајци краделе од мигранти кои сакале да влезат во Македонија

Тројца полицајци заработија кривични пријави и притвор, откако полицијата утврдила дека одземале пари и мобилни телефони од мигранти кои се обиделе да влезат во Македонија од Грција во близина на граничниот премин „Богородица“.Според информациите од МВР, полицајците откриле и привеле група мигранти, кои потоа се пожалиле дека полицајците им земале евра и мобилни телефони. По наредба на истражен судија бил извршен претрес и одземаните предмети биле пронајдени кај тројцата пријавени полицајци.
„Секторот за внатрешна контрола поднесе кривична пријава до Основното јавно обвинителство во Гевгелија, против К.П.(40),  П.М.(37), двајцата од Прилеп и Б.Ѓ.(28) од Гостивар, сите полициски службеници од Полициската станица од општа надлежност „Прилеп“, поради постоење на основано сомнение дека при преземање на активности за фаќање и лишување од слобода на група емигранти, од истите одзеле девизни средства во износ од околу 300 евра како и осум мобилни телефони, со што сториле кривично дело „злоупотреба на службената положба и овластување“, предвидено и казниво по член 353 од Кривичниот законик на Република Македонија“ , стои во соопштението од МВР.Според информациите од МВР, полицајците откриле и привеле група мигранти, кои потоа се пожалиле дека полицајците

Пронајдете не на следниве мрежи: