ФОТО + ВИДЕО: Ѕирнете во градот кој цели 24 години беше под вода!

За време на силните дождови во 1985 година, големо количество вода се има слеано од околните ридови, а браните што го штителе градот на можеа да го издржат притисокот. На кобниот 10 ноември во 1985 година, браните пукнале и водата го преплавила градот Вила Епекуен.Аргентинскиот град Вила Епекуен е основан во 1920 година, а се наоѓа 600 километри северно од Буенос Аирес и е сместен покрај езерото Лаго Епекуен кое е познато по големата соленост на водата. Вила Епекуен бил дом на 1.500 жители, а годишно примал илјадници туристи кои што доаѓале за да уживаат во солените купки и спа центри. Градот беше голема атракција најмногу поради езерото, кое по своето количество на соленост се наоѓа веднаш зад Мртвото Море.
Епекуен го нарекуваа „градот на вечната пролет“ бидејќи се верувало дека водата од езерото е лековита и дека лечи реума, дијабетис, депресија и разни други кожни болести.

 
Инаку, водата почнала да се повлекува во 2009 година, но Епекуен не е обновен. И ден денес претставува атракција за големиот број на туристи кои што доаѓаат да го видат градот кој го нарекуваат и модерна Атлантида.

Од можните 1.500 жители колку што имал градот, остана само Пабло Новак (82), бидејќи не сакаше да го напушти своето родно место. Тој денес живее во предградието на градот и великодушно ги дочекува гостите од целиот свет, на кои им ги покажува улиците од својот град и ги раскажува приказните за неговата „вечна пролет.“ 
Аргентинскиот град Вила Епекуен е основан во 1920 година, а се наоѓа 600 километри северно од Буенос Аирес и е сместен покрај езерото Лаго Епекуен

Пронајдете не на следниве мрежи: