Фото: Во ова кафуле се наградува учтивоста!

Вработените во кафуле во Ница, Франција, објавија фотографија од менито на која пишува дека ја наградуваат пријатноста, а финансиски ја казнуваат неучтивоста.Гостите кои ќе дојдат во кафулето Ла Петит Сира и ќе промрморат само: „Кафе“ без поздрав и без „Ве молам“, услугата ја плаќаат седум евра. За нарачката: „Кафе, Ве молам“ плаќаат 4,25 евра, додека ако речат: „Добар ден! Кафе, Ве молам“ ситуацијата драстично се менува и гостинот добива смтка од 1,40 евра.

Фотографијата од менито е објавена со коментарот: Се уште постојат луѓе кои знаат како се живее.
Менаџерот на кафулето Фабрис Пепино во изјава за весникот „Локл“ вели дека на почетокот идејата била само шега, бидејќи гостите за време на ручек им доаѓале под стрес, а понекогаш биле многу непристојни кон келнерите.
– Повеќето гости се локални жители, кои ја разбираат смешната страна на оваа приказна, па претеруваат во љубезноста. Кога го видоа знакот почнаа да ме ословуваат со „Ваше Величество“, раскажува Пепино.Гостите кои ќе дојдат во кафулето Ла Петит Сира и ќе промрморат само: „Кафе“ без поздрав и без „Ве молам“, услугата ја плаќ

Пронајдете не на следниве мрежи: