Фото: За Божиќ, му подарил живот на своето братче!

Сем Мерик се родил пред терминот, а поради тоа имал и сериозни здравствени проблеми, а на 5-годишна возраст поради леукемија животот му бил во сериозна опасност…Докторите направиле тестирање на сите членови од семејството – мајка му, татко му и тројцата браќа, вклучувајќи го и 9-годишното братче Киран.
Со оглед на тоа дека не секогаш коскената срж на семејството одговара на пациентот, докторите не се ни надевале дека ќе се случи чудо. Сепак, коскената срж на Киран сосема одговарала на малиот Сем.
Операцијата била изведена веднаш, неколку дена пред Божиќ, а Сем денес е здрав и жив благодарение на неговиот брат.
Благодарение на Киран, Сем овој Божиќ ќе го дочека заедно со своето семејство здрав и жив, а нивните родители велат дека поубав подарок никогаш не можеле да замислат.

 
Извор: КурирДокторите направиле тестирање на сите членови од семејството – мајка му, татко му и тројцата браќа, вклучувајќи го и 9-годишното братче Киран

Пронајдете не на следниве мрежи: