ФОТО: Заев мирно во строј пред Борисов и „бугарски“ Цар Самоил

Со премиерот на Бугарија, Борисов, заеднички положивме цвеќе на споменикот на Цар Самoил во Софија, е натписот на фотографиите објавени на официјалната Фејсбук страна на Зоран Заев. Но, она што Заев не објавил е уште една фотографија на која јасно се гледа дека на споменикот пишува „САМОИЛ Цар на Бугарија“.
Според кажаното на денешната средба на Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугарија останало да се договори мал детал и тој би можел да биде потпишан на Илинден кога во Македонија двете државни делегации заеднички ќе го чествуваат Илинден. Заев го опиша денот како „Затворање на поглавјето на национализмот“. Но, што беше спорно од бугарските барања, за што од 2009 до сега и по неколку најави не беше затворен Договорот, кој што требаше да биде базиран врз Декларацијата од 1999. За кои тоа прашања Заев денеска го „затвори“ национализмот.
Прво секако беше барањето за заедничко прославување историските празници, со што Софија се надоврза на реториката за „еден народ во две држави“, односно дека македонската историја е и бугарска, бидејќи не постои македонска нација. Сега тоа Заев со понудата за прослава на „нашата заедничка историја“ на Илинден им го понуди на тацна.Според кажаното на денешната средба на Зоран Заев со бугарскиот премиер Бојко Борисов од договорот за добрососедство меѓу Македонија и Бугари

Пронајдете не на следниве мрежи: