Фото: Започнаа водените лудории – Се отвори скопскиот Аква парк!

Од денеска во претстојната летна сезона граѓаните на Скопје и сите домашни и странски туристи, ќе можат да се разладуваат, забавуваат и рекреираат во првиот аква парк во главниот град. Аква паркот официјално беше отворен во присуство на премиерот Никола Груевски, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиевски и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски.
Во новата летна атракција во Скопје ќе работат 35 спасители. Покрај 34 лиценцирани спасувачи кои завршија обука, еден ќе биде преземен од Матка. Аква паркот ќе овозможи и 40 нови работни места, за лица кои ќе бидат ангажирани во угостителските објекти, три кафе-барови и еден ресторан. Ќе има редарска служба и просторија за давање итна медицинска помош.

Во изминативе денови се вршеше тестирање на опремата со која располага Аква паркот, лоциран на северната страна на  спортскиот центар, веднаш зад хотелот „Александар Палас“.

Камен-темелникот на Градскиот аква парк го поставија премиерот Никола Груевски и директорот на СЦ „Борис Трајковски“ на 6 јануари годинава. Станува збор за прект вреден 4,2 милиони евра, дел од Програмата на Владата на Република Македонија.
Погледнете ја целата галерија на ТЗМ.МКОд денеска во претстојната летна сезона граѓаните на Скопје и сите домашни и странски туристи, ќе можат да се разладув

Пронајдете не на следниве мрежи: