Фото: Земјата повторно проголтува луѓе – овој пат во Илионис

Loading...

Уште еден случај на отварање на земјата и проголтување на човек, овој пат во Ватерло, Илиноис.
Четириесет и три годишниот Американец играл голф со пријателите, кога во еден момент земјата го проголтала. Биле потребни повеќе од 20 минути додека да го извлечат од дупката длабока 5.5 метри.
Брокерот од Мисури, во ниту еден момент не помислил дека ќе се најде во иста ситуација како Џефри Буш, кој неодамна беше проголтан од земјата додека спиел во својот дом.
Неговото тело сеуште не е пронајдено.
„Кога бев долу ми помина низ глава трагедијата на Буш. Изгледаше како уште дека ќе се урива земјата. Воопшто не беше пријатно“, изјави Американецот.
Геологот Филип Мос изјавил дека вакви случаи се чести во Илиноис, поради варовничкиот терен, а овој американец се нашол на погрешно место во погрешно време.
Уште еден случај на отварање на земјата и проголтување на човек, овој пат во Ватерло, Илиноис.

loading...