Фото: Жерновски во сомнителна зделка – добива подарен стан од Венекс?

Периодов се повеќе се појавуваат нови информации во јавноста кои говорат за сомнителните зделки и договарањата од работењето на актуелниот кандидат за градоначалник на Центар од редовите на СДСМ Андреј Жерновски.
Своевремено, градоначалникот Ристо Пенов кому советник му беше токму Жерновски ги даде паркинзите во Клиничкиот центар на фирмата Венекс Весна ДОО. Истата таа фирма е регистрирана на адресата која сега е домашната адреса на Андреј Жерновски.Шесте паркинзи во скопски Клинички центар, кои му се издадени под закуп на приватник, носат заработувачка меѓу 100.000 и 200.000 евра годишно. Тоа значи дека инвестицијата од 400.000 евра, колку што најавувашe концесионерот, ја повратил за најмногу две години, велат упатените во овој бизнис. Ова беше скандалозен договор на Пенов за кој медиумите пишуваа на големо.Опозицискиот кандидат за градоначалник на Центар, од таа фирма си добил уште една корист. Тој од фирмата Венекс, лично го купува станот на улица „Партениј Зографски“ 91 метар квадратен, во вредност од само 790 евра по m2, далеку под пазарната цена особено кога станува збор за населбата Водно и Црниче каде реалната пазарна вредност на становите во последниве неколку години се движи од 1 300 до 1 400 евра. За упатените во градежниот бизнис е невозможно да се најде стан на падините на Водно по цена од само 790 евра по м2, тие посочуваат дека за таа цена не е возможно да се најде стан дури и во најодалечените населените места во градот Скопје.Во 2007 година, само две години од добивањето на вносниот бизнис со Клиничкиот центар, Фирмата Венекс Весна Доо склучува купопродажен договор за стан на падините Водно, со Андреј Жерновски кој во времето кога Пенов е градоначалник, тој му е советник. Дополнително, иако Жерновски го купува станот, седиштето на фирмата Венекс Весна ДОО продолжува да биде домашната адреса на Жерновски до ден денешен.Сомневањата се дека Жерновски и Венекс, практично направиле фиктивен договор. Курир дојде до документацијата од продажбата на станот-купопродажниот договор и листот од Централниот регистер.
Документите и сомнителниот договор јасно кажуваат дека Жерновски со празни обвинувања кон Тодоровиќ, сака да ја оттргне вината од себе.Соработката меѓу Пенов и Жерновски е одличен начин тие двајца да продолжат со матните бизнис зделки , на грбот на граѓаните.Претходно, Курир објави и дека во времето на Пенов се продадоа неколку јавни претпријатија, најубавите дуќани во ГТЦ завршија во рацете на неговите најблиски, а корист имаа само градежните компании на нивните семејства.Фото. Курир

 Периодов се повеќе се појавуваат нови информации во јавноста кои говорат за сомнителните зделки и договарањата од рабо

Пронајдете не на следниве мрежи: