Фото: Жерновски врши невидена тортура, вработените заклучени со катанци

Loading...

Тој со закани и ограничувања на правото на слободно движење се однесува кон своите вработени.
Вратите за влез во канцелариите се затворени со катанци. Вработените во општината се заложници на лудилото на градоначалникот, кој според неговото однесување, мора да испорача бизнис на општината за неговите ментори и спонзори.
Толпа на граѓани и денес пристигнува пред општината, за да ја одбрани изградбата на црквата „Свети Константин и Елена“. Граѓаните од Центар се дополнително изреволтирани и од најавите дека нема да се изградат ветените градинка и училиште.
Вработените во општината со кои Курир стапи во контакт, се жалат на тешки притисоци. Како што не информираа, на еден од вработените му се слошило, но не го пуштаат да излезе надвор.
 
Како што дознаваме, за денес се организирани и контра-протести од страна на оние кои ги бранат политиките на Андреј Жерновски.
Се очекуваат судири кога ќе се спојат двете групи на граѓани.
Како што пишува Курир, МВР жестоко ќе реагира на секој инцидент.
 
Жерновски со катанци на вратите ќе ја брани општината од граѓаните кои имаат право да го искажат своето незадоволство. Ова е крајно нехуман гест, луѓето се држат затворени како во кафезите во ЗОО. Жерновски буквално изгуби компас.
За само два месеци од неговото превземање на функцијата, револтот кулминира и граѓаните се незадоволни од неговата работа.
Градоначалникот на овој начин прави обид тајно да ги протурка одлуките со кои ќе се случи рушење на црквата.
 
Во меѓувреме, соочени со информациите од медиумите, граѓаните се самоорганизираат и почнуваат да пристигнуваат пред општината во одбрана на црквата.
-Ако Жерновски самоволно и тврдоглаво, спротивно на сите закони на овој начин пробува да ја сруши црквата, тогаш она што се случува на Таксим во Турција ќе биде детска игра во однос на она што се случува во Центар, велат незадоволните граѓани кои се видно изреволтирани.
Според нашите информации, Жерновски и Шиповиќ имаат намера во текот на денот да закажат седница и да ги изгласаат овие одлуки. Советниците на ВМРО-ДПМНЕ немаат добиено никакво писмено известување за продолжување на седницата која беше прекината во петокот како резултат на силното незадоволство на граѓаните.
Според советниците од владејачката партија, со тоа на брутален начин се прекршува правната процедура за свикување на седници.
Тој со закани и ограничувања на правото на слободно движење се однесува кон своите вработени.

loading...
Loading...