Фото: Живко Чинго е жртва на кодошењето на Божин Павловски

Комисијата за лустрација објави дека академикот Божин Павловски бил кодош чии документи кои може да го погледнете на следниот линк, го потврдуваат тоа. 
Академикот Божин Павловски има доста богато досие, бидејќи кодошел познати македонски личности како Петре М.Андреевски, Љубиша Георгиевски, Гане Тодоровски, Симон Дракул, Славко Јаневски, Јордан Плевнеш и други. 
Жртва на неговото кодошење бил и поранешниот актуелен директор на МНТ, Живко Чинго.
Како што стои во досието, Божин изјавува дека ситуацијата во МНТ е крајно сложена, пред се поради работењето на Живко Чинго. Тој на службите им изјавува дека Чинго не е способен за раководење и треба да биде најитно сменет од сите функции во МНТ.
Воочлив е фактот што Божин Павловски не само што пренесува информации туку и им предлага мерки на државните служби, барајќи разрешување на Чинго.
 Од извадокот од изјавите на Павловски дадени за службите на УДБА може да се заклчи дека тој свесно го кодошел Живко Чинго. 
“Состојбата во македонскиот народен театар е крајно сложена, пред се заради досегашното работење на Живко Чинго во оваа институција. Имено очигледно е дека тој не е способен за раководење и треба да биде најитно сменет од сите функции во МНТ. Ова свое мислење им го пренесов и на одделни општествено политички работници, заради опасноста од втор случај “Лекар” што во моментов  може да биде особено штетно за сите нас. Неговиот однос во работењето може да биде особено штетно за сите нас. Неговиот однос во работењето и недостатокот на скрупули го доведе театарот на оваква позиција и затоа се залагам за негово префрлање на функција од која не ќе може да му наштети на општеството, во секаква смисла на зборот. Овака тој ги узурпира сите самоуправни права на вработените ги дезавуира самоуправните органи во театарот и обезвреднува една од носечките културни институции во републиката” изјавува Павловски пред службениците на УДБА.
За значењето на Живко Чинго сведочат и неговите награди: Стерино позорје, Рациново признание, 11 Октомври, 1 Мај.  
Комисијата за лустрација објави дека академикот Божин Павловски бил кодош чии документи кои може да го погледнете на с

Пронајдете не на следниве мрежи: