Фото:Барате евтина куќа? Оваа се продава за 1 долар, но никој не сака да ја купи!

Loading...

Повеќе згради во американскиот град Детроит се продаваат од страна на банките, кои се преземени од нивните сопственици кои не можеле да ги плаќаат хипотеките. Банките сакаат да ги продадат што побрзо за да се спасат од плаќање на данокот на имот. Данокот на недвижности во Детроит е еден од највисоките во САД.На пример куќа во Детроит, која е изградена 1915 година, чија почетна цена во мај 2011 била 900 долари, се продава за еден долар но се уште нема заинтересирани купци.
Поради слабеењето на автомобилската индустрија која беше носечка гранка на развојот Детроит со години економски пропаѓа. Градот во последните десет години го напуштиле 250.000 жители, а сега има речиси двапати помалку од педесеттите години од минатиот век.Гувернерот на Мичиген побара од федералните власти помош за уривање на одреден број на згради, од вкупно 78.000 напуштени објекти и куќи во градот.
Багателни куќи и земјиште има и во Канада.
Во канадскиот град Рестон се продаваат плацеви за само 10 долари, се со цел да ги привлечат семејствата и бизнисот да се населат во ова гратче.
Земјиштето е во провинцијата Манитоб, во близина на Северна Дакота во САД. Целиот процес започнал во 2010 година. Еден од условите за продажбата е да изградите куќа. Досега се продадени 14 плацеви, а на 11 веќе никнале куќи.
Малиот град има 550 жители, и во обид да ја зголеми својата популација повторно огласи аукција за продажба на уште 10 нови парцели по цена од 10 долари. Интересот бил голем. На огласот се пријавиле и канаѓани и американци.
Повеќе на mkd-news.com
 На пример куќа во Детроит, која е изградена 1915 година, чија почетна цена во мај 2011 била 900 долари, се продава за еден долар но се уште н

loading...
Loading...