Фотографиите на Инстаграм го откриваат менталното здравје на луѓето

Фотографиите објавени на социјалните мрежи, даваат податоци за менталното здравје на нивните автори. Она што го објавуваме на Инстаграм, е извор на информации за нашата личност. До овој заклучок дојде истражувањето спроведено од Ендрју Рис и Кристофер Данфорт од Универзитетот „Харвард“.Според нив, луѓето кои страдаат од депресија со поголема веројатност објавуваат портрети, но не какви да е, туку единствено на сопственото лице. Научниците ги класифицираат овие дела како „едно тажно селфи“. Според нив, фотографиите кои содржат само еден лик, откриваат слаба општествена активност на оној кој стои зад објективот.
Луѓето кои не страдаат од депресија, исто објавуваат фотографии со лица, но на повеќе од еден човек.
Авторите на истражувањето велат дека сликите на индивидуите во депресивна состојба често се доминирани од темни нијанси на сина, црна и зелена боја. Изгледа овие личности преферираат и да користат филтер кој ја преработува сликата во црно-бела. Спротивно на тоа, луѓето со позитивен став се повеќе склони да користат филтерот „валенсија“ (со жолта нијанса).
Научниците дошле до овие заклучоци преку анализирање на илјадници фотографии, земени од различни профили во Инстаграм. Помеѓу авторите издвоиле 600 лица, за кои претпоставувиле дека страдаат од депресија.
Ги подложиле на психолошки тест и кој ја потврдил оваа состојба кај повеќе од 60% од испитаниците.Според нив, луѓето кои страдаат од депресија со поголема веројатност објавуваат портрети, но не какви да е, туку единствено на сопственото лице. На

Пронајдете не на следниве мрежи: