Фотографија која докажува дека мајчиното млеко е лек

Една мајка објавила фотографија од своето млеко додека нејзиното девојче било здраво и кога било болно. Млекото кое било издоено кога нејзината ќерка имала температура покажува дека плунката на доенчето му помага на мајчиното млеко да произведе антитела.Како што поминува времето, сè повеќе дознаваме за некои неверојатни начини на кои женското тело го штити своето новороденче и по неговото раѓање, а фотографијата која Ешли Чејс ја објавила на Фејсбук е вистински пример за тоа. 

Белото млеко на фотографија било издоено три дена пред нејзината ќерка да се разболи, а жолтото млеко е издоено откако девојчето се разболело. Ешли мислела дека нешто не е во ред со нејзиното млеко и веднаш го контактирала својот педијатар. Докторот рекол дека жолтата нијанса на млекото се појавила поради дополнителните маснотии и антитела кои нејзиното тело ги произвело со цел да му помогнат на девојчето да оздрави.
Според научниците, она што се случува е всушност познато како “плакнење”. Кога бебињата се доени, еден дел од нивната плунка се враќа назад во мајчината брадавица, а се претпоставува дека плунката испраќа сигнали кон мајчиното тело.
Пред неколку години, австралискиот научник Фотеини Какулас спровел истражување кое покажало дека иако мајчиното млеко содржи ниско ниво на леукоцити, кога бебето ќе се разболи, нивото на леукоцити нагло расте и потоа се враќа во нормала откако болеста ќе исчезне.
Поентата на оваа приказна не е како доењето е многу посупериорно од вештачкото млеко – оваа приказна е доказ дека женските тела се неверојатни, а работите кои телото несвесно ги прави со цел да го заштитат бебето се чудесни!
 Како што поминува времето, сè повеќе дознаваме за некои неверојатни начини на кои женското тело го штити своето новороденче и по негов

Пронајдете не на следниве мрежи: