Фото:Отишла во провод, ја враќаат во ковчег!

Јелена Баштовановиќ (19) настрада при судир на „Фиат пунто“, во кој се возела, и „пасат“.Страшно е тоа што се случи. Голема несреќа за нас. Јелена отиде со друштвото во провод во Белград, не можам да поверува дека никогаш нема да се врати. Со овие зборови роднини на настраданата за српски Курир се обидоа да ја опишат големата трагедија која се случила во саботата во 22 часот.
Родителите во шок
Никој од членовите на фамилијата на Јелена не знае што точно се сличило таа кобна вечер. Нејзините најблиски дури во неделата попладне се известени за трагедијата која се случила и одма отпатуваа за Белград, вели роднина на настраданата за Курир.
Таа додава дека Јелена со семејството живеела во Лешнице крај Лозница и во саботата отишла во Белград за да се види со пријателите.
-Јелена беше вредно и добро дете. Работеше во кафич во Лешница. Не знам како нејзините родители ова ќе го преживеат, вели таа.
Јелена настрада во сообраќајна несреќа која се случила на Ново новосадскиот пат, кај свртувањето за Земунско поле. Несреќната девојка била сопатник во „пунтото“, кој го управувал Н.Н. од Белград. Од силниот удар, настраданата девојка излетала од автомобилот и не давала знаци на живот кога стигнала екипата на Брза помош. Во оваа несреќа повредени се и возачот на „пунтото“ Н.Н., како и уште еден сопатник, а со повреди се здобил и возачот на „пасатот“.

Се чека истрага
-По заклучувањето на трагедијата ќе се знае кој е виновникот. Се уште се проверува кој не ги почитувал сообраќајните прописи, кој минал на црвено светло и дали за несреќата е крив возачот на „пунтото“ или „пасатот“ кој доаѓал од правец на Нови Сад, вели полицискиот извор.
Мојот син не возеше пијан
Мајката на возачор на „пунтото“ Н.Н. вчера се јавила во редакцијата на српски Курир со тврдење дека нејзиниот син не возел пијан и дека не минал на црвено, како што тоа беше објавено во некои медиуми.
-Мојот син со Јелена и уште една девојка тргнале на некоја прослава и поради тоа во автомобилот е најдено скршено шише алкохол, кое го носеле како подарок. Можеби поради тоа некој помислил дека возел пијан, но од полиција ни рекоа дека алкотестот покажал дека во крвта имало нула промили алкохол, тврди мајката.
 Извор:kurir.mkСтрашно е тоа што се случи. Голема несреќа за нас. Јелена отиде со друштвото во провод во Белград, не можам да поверува дека никогаш нема да се вра

Пронајдете не на следниве мрежи: