Фото:Паметни гаџети кои сигурно ќе сакате да ги имате!

Пазарењето за текот на празниците може да биде вистиснки давеж. Ако сте навистина решени да се подновите со нешто а сеуште немате одлучено што да биде тоа, тогаш еве ви доста интересни гаџети кои навистина ќе ви бидат корисни.Solowheel е најновото хит превозно средство кое се почесто се забележува низ американските улици. Превозното средство кое се движи само на едно тркало и работи на електрична енергија тежи околу десет килограми. За ваков гаџет треба да поседувате навистина длабок џеб и да одвоите околу 2000 долари. Доколку евентуално се решите дека сакате да го имате во вашата инзвонредна колекција од гаџети тогаш можете да го набавите од solowheel.com.

Jawabone UP24 е нешто слично на доста познатите алки Nike+ кои се синхронизираат со програмата за смарт телефони UP24 fitness tracker. Доколку сакате да поседувате една од овие алки кои ќе ви помогнат при целта кон одржување на вашата топ форма треба да одвоите 150 долари а истите можете да ги најдете на jawbone.com.

Samsun Gear е иднината на гаџетите и воопшто на смарт телефоните. Тој има за цел да ги замени стандардните досадни часовници и да доведе нешто ново во вашите животи. За сега него можете да го користите само со Samsung телефони а за истиот ќе треба да платите 300 долари.

Automatic Driving Assistant, има за намена да го промени возењето за секогаш! Малиот тракер пренесува податоци до апликацијата која се наоѓа на вашиот мобилен телефон и ве известува за лудото возење, потрошувачката на гориво, дури и автоматски го памети местото за паркирање со што ќе заборавите на старото талкање низ улиците за да се сетите каде сте го паркирале возилото. Овој гаџет дури има и функција за автоматско бирање во полиција во случај на сообраќајна несреќа. Истиот можете да го најдете по цена од 99 $ на automatic.com.

SodaStream Starter Kit е сериозно добра направа за некој што е зависник од газирани пијалаци. Компанијата која е дефинитивно загрижена за животната околина сака да ги намали непотребните пластични шишиња кои и онака се повеќе штетни отколку корисни. За ваков интересен апарат треба да платите 250 долари а истиот можете да го набавите на sodastreamusa.com.

Buckshot е супер мини блутут звучник кој може да најде примена во секојдневното живеење. Во неговото пакување исто така можете да најдете и држач за велосипед. Целото пакување ќе ве чини 50 долари а можете да го набавите тука outdoortechnology.com.

Mojo Refuel и проблемот со вашата батерија е решен! Никогаш повеќе нема да стравувате од тоа дали батеријата ќе ви издржи до крајот на денот. Овој гаџет служи како додатна батерија која ја полните заедно со вашиот телефон а изнесува 120 долари и можете да ја купите на ibattz.com.
Solowheel е најновото хит превозно средство кое се почесто се забележува низ американските улици. Превозното средство кое се движи само на едно трк

Пронајдете не на следниве мрежи: