ФОТО+ВИДЕО: Велевска во друштво на поп фолк елитата во Бугарија

Елена Велевска речи си и да не мирува, пред само неколку дена пред новинарите ја промовираше новата песна “Погледни ме за крај” за која музиката и аранжманот ги направи Роберт Билбилов, а текстот е дело на Огнен Неделковски.Велевска деновиве е во соседна Бугарија каде на новогодишно шоу на најгледаната музичка телевизија “Планета” ја промовира новата песна.

-Деновиве сум се почесто на релација Охрид-Софија,ме поканија да сум дел од новогодишно шоу на телевизија Планета. Во последно време имав се почести настапи низ Бугарија, публиката одлично ме прифати, и баш поради тоа ја добив поканата за да сум дел од најгледаното новогодишното шоу. Во време кога во Македонија е забранета музиката, секое алтернативно решение за промоција е добродојдено. Ме пречекаа како вистинска ѕвезда и ми дадоа шанса да се претставам со песна на македонски јазик. Во неформален разговор со продуцентите ми рекоа дека за прв пат се случува македонски изведувач да е дел од нивно шоу и за прв пат да пее на македонски јазик. „Погледни ме за крај” одлично ја прифатија на прво слушање. Покрај снимањата кои ги имав,бев поканета на промоција на пејач кој во моментов е еден од најпопуларните во Бугарија,Фики. На промоцијата беше кремот на поп фолкот и драго ми е што без никакви предрасуди ме прифатија.

 Велевска по враќањето ќе работи на видео приказната на „Погледни ме за крај” за која ќе биде задолжен Стојан Стојановски и неговиот тим од 2S студио.

– Веќе се е подготвено за снимање на спотот,само се чекам јас,покрај промоцијата во Маледонија,видео спотот ќе го промовирам и во Бугарија,сценариото е подготвено,локациите се одбрани,стајлингот е стокмен и може да откријам дека е по различно од се она кое досега мојата публика го видела од мене.

Велевска деновиве е во соседна Бугарија каде на новогодишно шоу на најгледаната музичка телевизија “Планета” ја промовира новата песна.

Пронајдете не на следниве мрежи: