Фран Ескриба: Роналдо е како Мајкл Џордан

Тренерот на Елче, Фран Ескриба го спореди Кристијано Роналдо со Мајкл Џордан.Напаѓачот на Реал Мадрид постигна четири гола за успехот на неговиот тим со 5:1 над скромниот тим на Елче.
И покрај импресивните резултати, сепак тимот се претстави добро. Гостите го отворија резултатот од пенал, а освен тоа имаа други два опасни напади, при што Марсело и Карвахал имаа среќа да се извлечат само со жолти картони.
“Иако резултатот е сличен како со тој од минатата година (3:0 за Реал), сметам дека бевме многу подобри отколку претходниот пат”, прокоментира по натпреварот Ескриба кој е споредуван на изглед со Жозе Мурињо.
“Задоволен сум од 90-те минути. Не од исходот на натпреварот, туку од напорите и концептот. Направивме добар старт на натпреварот, но не се повлековме на одмор со помала разлика и тоа не лиши од можноста да се бориме за поени” .
“Кристијано Роналдо е исклучителен фудбалер со исклучителни вештини. Тој е како кога Мајкл Џордан беше во НБА – можеше да постигнува поени цела вечер. Да, тој постигна два гола од пенали, но тој нема потреба од нив”.Напаѓачот на Реал Мадрид постигна четири гола за успехот на неговиот тим со 5:1 над скромниот тим на Елче.
И покрај импресивните резултати,

Пронајдете не на следниве мрежи: