петок, 13 ноември 2026
Најново

Француската полиција побара бришење на снимките од масакрот во Ница

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Единица на француската полиција за борба против тероризмот од властите во Ница побарала да ги избришат снимките од камерите што го покриваат шеталиштето на која беа убиени повеќе од 80 лица во терористичкиот напад со камион на Денот на падот на Бастиља, објави денеска весникот „Фигаро“, повикувајќи се на неименувани извори.Ова барање до канцеларијата на градоначалникот на Ница во средата го упатила специјалната единица задолжена за борба против екстремизмот (СДАТ).
Како што пренесува „Раша тудеј“, францускиот весник дошол до копија од документот во кој се наведува дека СДАТ, повикувајќи се на членови на Кривичниот закон, бара од градските власти целосно да ги избришат сите 24 часа снимки од камерите на шеталиштето.
– Избришете ги записите направени меѓу 14 јули во 22.30 часот и 15 јули во 18 часот, се наведувало во документот во кој се посочува внимание на шест камери, чии снимки „посебно мораат да бидат избришани“.
– Ова е првпат некој да ни бара да уништиме докази. Центарот за видео надзор и градот можат да бидат тужени заради ова, а нашите службеници немаат надлежност да прават вакви работи, изјавија за „Фигаро“ извори од градската власт.Ова барање до канцеларијата на градоначалникот на Ница во средата го упатила специјалната единица задолжена за борба против екстремизмот (СДАТ).

Поврзани вести