Фудбалерот Ибрахимовиќ го разочара болното дете и неговата мајка

Фудбалерот Златан Ибрахимовиќ поради многу обврски одби да оди во Сараево и лично да го посети болното дете, па му испрати играчки и дрес. Разочараната мајка на болното дете кое е пред умирање и кое на социјалната мрежа Фејсбук изрази желба да го види неговиот омилен фудбалер, изјави дека тие не сакаат дрес, бидејќи него нема кој да го носи. 
Таа вели дека доколку фудбалерот не може да дојде и да му ја исполни желбата на болното дете, воопшто да не испраќа ништо друго, особено не пари.
„Ве молам, сите вас до еден, бидејќи ова е мојата последна најава. Златан нема да дојде во Сараево, најверојатно, има голема причина без разлика тоа треба да се почитува. Јас ќе замолам уште еднаш, ако некој во светот има контакт со менаџерот да му се пренесе, дека мојот Хајрудин не сака дрес бидејќи нема да има шанса да го носи и да ужива во него, исто така н мојот Хајрудин не сака пари и подароци. Ако не може да дојде не сакаме ништо друго, особено не ПАРИ. Нека не ни помислува нешто случајно да испрати. Не успеав и тоа е тоа, боли ќе боли и ќе пoмине, не е до мене. Секое добро ви посакувам на сите“, напиша мајката на Хајрудин, Амела Камењаш на Фејсбук.Разочараната мајка на болното дете кое е пред умирање и кое на социјалната мрежа Фејсбук изрази желба да го види неговиот омилен фудбалер, изјави д

Пронајдете не на следниве мрежи: