„Фудбалодром“ во Аеродром

Како што се покажало многупати досега, најважната споредна работа на светот, фудбалот, е тоа што ги зближува и ги носи луѓето од сите страни на светот на едно место.Кај нас, гледањето фудбал во маало, со цело маало е тоа, вистинското гледање на фудбал. Но, што би рекле за гледање на фудбал во најголемото маало во Скопје, со најголемото друштво на фудбалски фанови?
Од 28 јуни до 13 јули, во најголемата општина во Скопје, Аеродром сите фудбалски фанови ќе бидат бидат дел од спектакуларното фудбалско доживување „Фудбалодром”.
„Фудбалодром” ќе биде настан кој ќе ги собере сите оние кои сакаат да уживаат во фудбалот на голем екран и во друштво на стотици фудбалски фанови. Покрај големиот екран и одличната атмосфера, „Фудбалодром” ќе биде проследен и со низа други активности:
Турнири во Плејстејшн, Турнири во рачни фудбалчиња, Натпревари во прецизно шутирање, Натпревари во human football, Детско фудбаско катче, Друштво со познати македонски фудбалски ѕвезди, Настапи на локални бендови и ДЏ-и, Пиво и скара.
„Фудбалодром” ќе биде настан кој навистина не би сакале да го пропуштите. Сите оние кои што сакаат да дознаат повеќе за „Фудбалодром” и да освојат и некоја награда, можат да ја посетат  фејсбук страницата www.facebook.com/fudbalodrom.
Програма:
САБОТА 28 Јуни
18:00 / 22:00
НЕДЕЛА 29 Јуни
18:00 / 22:00
ПОНЕДЕЛНИК 30 Јуни
18:00 / 22:00
ВТОРНИК 1 Јули
18:00 / 22:00
ПЕТОК 04 Јули
18:00 / 22:00
САБОТА 05 Јули
18:00 / 22:00
ВТОРНИК 08 Јули
22:00
СРЕДА 09 Јули
22:00
САБОТА 12 Јули
22:00
НЕДЕЛА 13 Јули
21:00Кај нас, гледањето фудбал во маало, со цело маало е тоа, вистинското гледање на фудбал. Но, што би рекле за гледање на фудбал во најголемото м

Пронајдете не на следниве мрежи: