петок, 27 ноември 2026
Најново

Фустан кој ја менува бојата во зависност од расположението

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Холандскиот дизајнер Daan Roosegaarde создаде фустан од материјал кој е способен да ја менува бојата во зависност од расположението на личноста која го носи. Фустанот – камелеон во моментов е претставен во Париз и Хонгконг, а на американскиот пазар се очекува да пристигне дури во септември.
Создавачот на фустанот е убеден дека фустанот наречен Intimacy е вистински технолошки напредок во модната индустрија. Сега за сега од него има само неколку експериментални примероци во црна и бела боја кои подоцна се менуваат.
Дизајнерот планира во иднина да направи иста модна линија, а подоцна и линија на долна облека, а  доколку успее сака да создаде и машки костум кој ја менува бојата кога мажот лаже. Девојките се надеваат дека нивната најголема мечта ќе биде остварена!
Х.Н.
 Фустанот – камелеон во моментов е претставен во Париз и Хонгконг, а на американскиот пазар се очекува да пристигне дур

Поврзани вести