Г20 ја отфрли можноста за „валутна војна“ Москва

Групата 20 држави објави во саботата дека нема да има „валутна војна“ и ги одложи плановите за одредување нови цели во намалувањето на долговите што укажува и на загриженоста на групата поради ранливоста на светската економија.
Јапонските експанзивни политики кои ја намалуваа вредноста на јенот ја избегнаа критиката во изјавата којашто ја договорија финансиските челници на земјите на групата Г20, којашто ја сочинуваат развиените и новите економски сили кои прават 90 отсто од светската економија.
По преговорите во петокот дозна навечер министрите за финансии и челниците на централните банки го договорија текстот кои се совпаѓа повеќе од заедничката изјава од минатиот вторник на групата седум најбогати земји којашто го поддржа пазарното одредување на валутните курсови.
„Јазикот е зајакнат од нашите расправи минатата вечер. Посилниот отколку што бил, меѓутоа минатата вечер беше многу јасно дек сите на масата сакаа да избегнат каков и да е вид валутни спорови“, изјави за медиумите канадскиот министер за финансии Џим Флаерти.
Изјавата не ја издвојува Јапонија поради нејзините агресивни монетарни и финансиски политики поради кои вредноста на јенот се намали за 20 отсто, што е тренд кој може да продолжи.
„Сите се договоривме дека одбиваме да влеземе во каква и да е валутна војна“, изјави францускиот министер Пјер Московиси.
Текстот, исто така, искажува предаденост на остварувањето на веродостојните среднорочни фискални цели,но сепак не одредува точно конкретни цели.
МакфаксГрупата 20 држави објави во саботата дека нема да има „валутна војна“ и ги одложи плановите за одредување

Пронајдете не на следниве мрежи: