Galaxy Mini: Најдобриот Android телефон до 5000 денари?

Најчесто се фокусираме на најдобрите и најскапите модели од производителите, односно на најдоброто што пазарот го нуди во моментот. Но, што кога на некој му треба квалитетен и ефтин телефон?Samsung Galaxy Mini ненадејно се најде во нашите раце, благодарејќи на продавницата за мобилни телефони Ледиком. Користејќи ги одредено време, мора да ви кажеме дека овој уред ќе ве изненади.
Не секој има потреба од најновиот процесор и илјадници апликации на својот телефон. Galaxy Mini поседува скромен (но квалитетен) екран од 3,14 инчи со 256 илјади бои, како и Qualcomm процесор од 600 мегахерци. Секако, ова не се перформанси со кои ќе ги „соборите“ најновите игри, но е сосема доволно за секојдневна работа, Facebook и слушање на музика.
Скромните перформанси му даваат одредени предности на овој телефон. На пример, поради малиот екран, телефонот тежи само 105 грама и буквално нема да го почуствувате во џеб. Потоа, издржува до неверојатни 25 дена во stand-by и 9 и пол часа зборење.
Повеќе на GSM.MKSamsung Galaxy Mini ненадејно се најде во нашите раце, благодарејќи на продавницата за мобилни телефони 

Пронајдете не на следниве мрежи: