Galaxy Note 4 ќе добие флексибилен екран?

Извори во Јужна Кореа тврдат дека двете најголеми компании од оваа земја, Samsung и LG, подготвуваат нови телефони со флексибилни екрани. Овие уреди би биле наследници на Samsung Galaxy Round и LG G Flex…Информациите не навлегуваат во детали, но велат дека Samsung конечно ќе ги воведе новите екрани кои гледаат на три страни (погледнете го видеото подоле), додека пак LG ќе престави нов QuadHD екран со густина на пиксели од 510ppi, кој исто така ќе биде и флексибилен. Оваа гласина треба да биде земена со огромна доза на резерва, бидејќи минатата година флексибилните OLED екрани можеа да стигнат само до 720p резолуција, така што QuadHD екраните ќе претставуваат четворократен скок.
Засега нема информации дали новите уреди дефинитивно ќе ги наследат Galaxy Round и LG G Flex, бидејќи постои можност Samsung наместо посебен телефон, да лансира две верзии на Galaxy Note 4, од кои едната би била со новиот флексибилен екран.
Повеќе на GSM.MKИнформациите не навлегуваат во детали, но велат дека Samsung конечно ќе ги воведе новите екрани кои гледаат на три страни (погледнете го видеото по

Пронајдете не на следниве мрежи: