ГАЛЕРИЈА: 11-ти ден масовни протести во Скопје, сè повеќе граѓани се приклучуваат

Граѓанската иницијатива „За заедничка Македонија“ и вечерва по 11. пат одржа протестен марш во Скопје. Учеснициците се движеа од Владата на Република Македонија до Собранието на Република МакедонијаПред Собранието на присутните им се обрати Борис Дамовски кој ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива за безусловно отфрлање на платформата и формирање на нова платформа тука во Македонија.
– Им порачуваме да не ја протнуваат тиранската платформа на мала врата кај овој народ, бидејќи тоа нема да им помине и треба да знаат дека народот кој излегува секој ден им порачува дека тоа нема да им помине, истакна Дамовски.
Како нов поддржувач од Иницијативата вечерва го најавија претседателот на Македонско-турското здружение ”Мустафа Кемал Ататурк” Шенол Мемиш кој порача дека со својата поддршка тој вели „не“ за бинационална Македонија, а „да“ за единствена мултиетничка и заедничка Македонија.
– Турците како и другите етнички заедници во Македонија ги имаат сите права. Мислам дека тоа што го имаме ние го имаат и тие кои бараат нешто повеќе и не верувам дека ќе го добијат, истакна Мемиш.
Никола Лефков од Велосипедската Федерација на Македонија порача дека треба да го зачуваме македонскиот идентитет и да продолжиме да го вееме македонското знаме на меѓународните натпревари како што тоа го правевме досега.
Граѓаните на Македонија, нагласи македонската фолк пејачка Сузана Спасовска, нема да дозволат никој да си поигрува со нивната судбина.
– Нека му е јасно секому во оваа држава и во целиот свет дека македонското име нема да загине, истакна Спасовска.
Таа посочи дека ако го дадеме името, ќе се закопаме во гроб на кој нема да постои натпис со име, додавајќи дека јазикот и името им припаѓаат на идните генерации.
На крајот на протестниот марш организаторите ги повика присутните  да се приклучат на протестниот марш и утре.

Пред Собранието на присутните им се обрати Борис Дамовски кој ги повтори барањата на Граѓанската иницијатива за безусловно отфрлање на платфор

Пронајдете не на следниве мрежи: